Ред Бул Лајпциг веќе се подготвува за животот по Тимо Вернер. Младиот Германец е на мета на неколку европски гиганти и најверојатно по крајот на сезоната ќе ја промени средината. Затоа од клубот тргнаа по потписот на фудбалерот на Вердер Бремен, Мило Рашица.
Рашица е неизоставен член од првата постава на Вердер. Сезонава тој постигна седум гола, а во Лајпциг може да премине за мала сума, доколку Вердер на крајот не успее да обезбеди опстанок во Бундеслигата. Германскиот „Билд“ пренесува дека меѓу фудбалерот и Лајпциг веќе е постигнат договор, па сега се очекува само од Вердер да биде потврдена сумата за неговиот трансфер.
Доколку Вердер испадне од елитното германско натпреаварување се очекува сумата за косовскиот интернационалец да изнесува меѓу 15 и 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА