Лајпциг ја расипа „забавата“ во Дортмунд

Борусија Дортмунд и Лајпциг ремизираа 3-3 во суперинтересниот дерби-дуел од 16. коло во Бундес-лигата, меч во кој „милионерите“ стигнаа до рано водство и прерано почнаа со прослава на победата, но Лајпциг успеа да се врати и да избегне пораз.

Вајгл и Брант со прекрасни погодоци донесоа водство од 2-0 на домашниот тим, но кога се чинеше дека „жолто-црните“ лесно ќе го земат скалпот на лидерот Лајпциг за само неколку минути во второто полувреме успеа да се врати во мечот. Во главна улога беше Тимо Вернер, кој постигна два гола во 47. и во 53. минута за „ладен туш“ за домашните фанови.

Атмосферата за момент се крена откако Санчо погоди за ново водство од 3-2, но конечните 3-3 ги постави Патрик Шик, само неколку минути по влегувањето во игра на местото на Поулсен.

Аугсбург лесно и убедливо славеше над Фортуна Дизелдорф со 3-0, додека Хофенхајм како гостин триумфираше над Унион Берлин со 0-2.

Се вчитува...