Екипите на Бохум, Борусија Менхенгладбах и Лајпциг обезбедија пласман во 1/8 финалето на Купот на Германија, откако триумфираа вечерва над своите противници.
Бохум го изненади Аугзбург и го победи на негов терен со 0-1 со голот на Холтман. На Менхенгладбах не му „цветаат рози“ во Бундеслигата, но затоа успеа да обезбеди пласман меѓу 16 најдобри на Купот, откако го совлада Карслруе со 3-1 со головите на Мачино, Елведи и Табаковиќ. Шлејсенер беше стрелец на единствениот гол за второлигашот.
Убедлив триумф оствари тимот на Лајпциг, кој го совлада Енерџи Котбус со 1-4 на гости. Бакајоко, два гола на Баумгартнер и еден на Банзузи за водство од 0-4, а Котбус намали преку Енгелхард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

