Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас доби топло добредојде во Лајпциг пред почетокот на денешниот меч на домашниот тим против Ајтрахт Франкфурт во кој на крајот гостите стигнаа до полн плен со 0-1. Победничкиот погодок за тимот од Франкфурт го постигна Кнауф во 7. минута од мечот.
Елмас натпреварот го почна од клупата за резерви, а во игра влезе во 88. минута.
RB Leipzig 0-[1] Eintracht Frankfurt – Ansgar Knauff 7′
byu/suedney insoccer
Баер Леверкузен во крајно драматичен натпревар успеа да победи во првиот меч во 2024 година славеше со 0-1 на гостувањето кај Аугзбург. Херој за гостите беше Паласиос кој победничкиот погодок го постигна во 94. минута.
РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 17. КОЛО:
Келн – Хајденхајм 1-1
Аугзбург – Баер Л. 0-1
Фрајбург – У. Берлин 0-0
Мајнц – Волфзбург 1-1
Лајпциг – Ајнтрахт Ф. 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА