Лајпциг пак во шопинг, доведен топ-дефанзивец

Лајпциг е еден од најактивните германски клубови овој преоден рок, па тимот на Елиф Елмас пред самиот крај на преодниот рок успеа да ангажира уште едно ново име.

Откако Симакан беше продаден во Саудиска Арабија управата на Лајпциг експресно реагираше и на негово место го доведе капитенот на Феенорд, Лушарел Гертруида. Станува збор за 24-годишен дефанзиец кој настапува и како десен бек и во срцето на одбраната, за услугите на Гертруида летото се интересираа и неколку англиски премиерлигаши, но тој на крајот сепак се пресели во Лајпциг.

Германскиот клуб ќе плати почетни 19 милиони евра за овој трансфер, а доколку бидат активирани сите клаузули трансферот може да достигне максимални 25 милиони евра.

Се вчитува...