Лајпциг се лизна во Мехенгладбах, Леверкузен рутински против Франкфурт (ВИДЕО)

Лајпциг се лизна против Мехенгладбах во рамки на 32. коло од германската Бундес лига, откако домаќините успеаа и со играч помалку да остварат победа од 3-1.

Во првото полувреме Мехенгладбах го отвори прв резултатот преку Брил Емболо во 17. минута, донесувајќи водство од 1-0. Гостите покренаа иницијатива за да го возвратат ударот, а тоа му успеа на Кристофер Нкунку во 36. минута, обезбедувајќи моментно реми од 1-1. Сепак, пред последниот свиреж на глваниот арбитер, Јонас Хофман успеа да донесе уште едно ново водство за својот тим, па на пауза се замина со резултат од 2-1.

Во вториот дел Нико Елведи доби црвен картон во 64. минута, период кога сите помислија дека Лајпциг ќе се врати во игра. Гостите ја презедоа контролата над топката, креираа неколку шанси, но без реализација. Не пишаното фудбалско правило стапи на сила во 77. минута, Јонас Хофман во 77. минута приреди ладен туш за Лајпциг, постигнувајќи втор гол за водство од високи 3-1.

По ваквиот исход, Лајпциг отпадна од местото на табелата кое што води во Лигата на шампиони.

Поразот на Лајпциг го искористи Леверкузен, кој успеа рутински да дојде до победа над Франкфурт откако обезбеди триумф од 2-0. Домаќините поведоа преку Паулињо во 18, минута. До крајот на полувремето во целост доминираа на теренот, но на пауза се замина со минимално водство.

Судбината на гостите ја запечати Патрик Шик во 51. минута, донесувајќи водство од 2-0, резултат кој се покажа како сосема доволен до крајот на мечот.

Леверкузен со оваа победа останува во борбата за пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...