Лајпциг се лизна во последните минути, Леверкузен со убедлива победа останува во трката за место во ЛШ

Лајпциг доживеа вистински шок во рамки на 31. коло од Бундес лигата, откако Унион Берлин во последните направи пресврт и победи на гостински терен со 1-2.

Јусуф Поулсен го отвори мечот во 46. минута, донесувајќи водство за Лајпциг. Сепак, работите се сменија во 86. минута, кога Свен Мишел погоди за 1-1. По само три минути игра, Унио успеа да постигне и втор гол, овојпат победнички, стрелец на погодокот беше Кевин Беренс.

По ваквиот исход Лајпциг сам си ја комплицираше позицијата на табелата во тесната борба за пласман во ЛШ следната сезона.

Леверкузен на гостински терен издвои убедлива победа од 1-4, резултат со кој ја ужива моментално третата позиција.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...