Лајпциг се засили со млад ас на ПСЖ

Лајпциг го доведе петтото засилување за новата сезона, Жан Кевин Огустин од ПСЖ пристигнува за 13 милиони евра. Со ангажманот на 20-годишниот напаѓач, тренерот Ралф Хаселхутл смета дека ја најде вистинската замена за Давид Селке, кој ги засили редовите на Вердер Бремен.

„Во ПСЖ немав доволно минутажа. Овој клуб ми го нуди она што најмногу ми треба во овој момент, за да можам да напредувам. Се надевам дека ќе ги израдувам навивачите со добри партии“, вели Огустин, кој потпиша петгодишен договор со вицешампионот на Германија.

Станува збор за напаѓач кој редовно тресе мрежи, барем кога се во прашање настапите за младите репрезентации на Франција. Иако немаше блескава сезона како Мбапе, многумина велат дека поседува еднакво добри квалитети како „бисерот“ на Монако, па сега ќе има шанса да се докаже пред германската и европската публика.

Французинот изминатава сезона забележа 13 настапи за ПСЖ, еднаш прослави гол, додека асистираше на три, а вкупно има одигра 31 натпревар за „Светците“.

Се вчитува...