Лајпциг убедливо до првата победа во Бундеслигата

Лапциг стигна до првата победа во Бундеслигата оваа сезона откако на домашен терен славеше со убедливи 4-0 над Штутгард во второто коло.

Домаќините до водство стигнаа уште во првото полувреме кога во 38. минута од мечот стрелаше Унгарецот Доминик Слобослаи. Предноста на Лајпциг се искачи на 2-0 веќе на отварањето на второто полувреме кога Форсберг успеа да го совлада Милер, а домашниот тим продолжи со доброто темпо и до крајот на мечот.

Веќе во 52. минута резултатот гласеше 3-0 по вториот гол на Слобослаи, а во 65. минута Силва од пенал донесе 4-0 со што беше поставен конечниот резултат на денешниот натпревар.

Се вчитува...