Лаказет е спасителот на Лион (видео)

Лион славеше над Олимпик Марсеј со 1-0 стигнувајќи до огромни три бода во битката за опстанок, како јасен знак дека инвестициите во играчкиот кадар придонесоа формата на тимот од „Жерлан“ да се крене на едно повисоко ниво.

Ветеранот Немања Матиќ имаше извонредно деби за Лион на средината од теренот, но улогата на херој му припадна на искусниот Александар Лаказет, кој мајсторски се снајде и легнат на земја успеа да го матира гостинскиот голман за огромна радост на домашните фудбалери и навивачи.

Лион имаше шанси из а втор гол, но одлична можност имаа и гостите во второто полувреме, кога Обамејанг го совлада голманот Лопез, но Меитланд Најлс стигна пред самата гол-линија за да ја расчисти опасноста.

Екипата на Лион со оваа победа се искачи три бода над опасната зона, но јасно е дека Лаказет и соиграчите допрва ќе ги очекуваат важни битки за да биде осигуран опстанокот.

Се вчитува...