Лаказет и Обамејанг го „испукаа“ Евертон

Арсенал ја оствари четвртата последователна победа во Премиер – лигата, откако на домашен терен го совлада Евертон со 2-0. Тимот на Унаи Емери не го почна квалитетно овој дуел, но играта на „топчиите“ значително беше подобра во вториот дел, кога беа постигнати и двата гола.

Александре Лаказет во 56.минута ја начна мрежата на „карамелите“, а три минути подоцна Пјер – Емерик Обамејанг зголеми на 2-0. Тој се најде во офсајд ситуација, но, сепак, погодокот беше признат.

Се вчитува...