Лаказет им донесе триумф на „топчиите“ против Кардиф

Арсенал стигна до втората победа во Премиер – лигата оваа сезона, прва на гостински терен, совладувајќи го Кардиф со 2-3. Тимот на Унаи Емери двапати имаше водство, но Кардиф успеваше да се врати, а конечниот удар го зададе францускиот интернационалец Александре Лаказет во 81.минута од средбата.

Мустафи го отвори резултатот во корист на „топчиите“ во 11.минута, а израмни Камараса пред самиот крај на првиот дел.

Обамејанг во 62.минута повторно донесе водство за Арсенал, но Ворд уште еднаш израмни. На крајот, Лаказет постигна прекрасен гол за триумф и три бода за тимот од Лондон.

Се вчитува...