Лаказет пред кам-бек во Франција

Францускиот гигант, Олимпик од Лион, ќе се обиде за време на летниот преоден рок повторно да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Александре Лаказет.

Пред да се пресели на „Емирати“, искусниот напаѓач со голем успех го носеше дресот на популарните „лавови“. Лаказет на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и ќе може да се врати во Лион без никакво обештетување.

Напаѓачот на Арсенал повеќе нема намера да ја продолжи кариерата во лондонскиот клуб. Фудбалерот веќе му дал зелено светло на својот агент да избере опции за летниот трансфер период.

Се вчитува...