Лаказет размислува за заминување од „Емирати“

Францускиот интернационалец Александре Лаказет би можел да го напушти Арсенал во последните три дена од летниот преоден рок. Тој падна во втор план кај новиот менаџер Унаи Емери кој преферира да игра со еден напаѓач, а негов прв избор е Пјер – Емерик Обамејанг. Ова не му се допаѓа на Лаказет кој ќе треба да чека шанса од клупата за резерви и тој ги разгледува опциите за заминување.

Сепак, последниот збор секако ќе го имаат Емери и раководството на Арсенал. Лаказет дојде на „Емирати“ минатото лето за сума од 52 милиони фунти.

Емери во второто полувреме од дуелот со Вест хем настапи со двајцата напаѓачи во тимот, играта на „топчиите“ се крена на едно повисоко ниво, па останува да се види дали шпанскиот ас ќе практикува слична формација од првата минута на наредниот премиерлигашки натпревар.

Се вчитува...