Лалатовиќ: Се колнам и во деца и во мртвата мајка дека не ги нареков Турци (ВИДЕО)

Тренерот на Раднички Крагујевац, Ненад Лалатовиќ пред мечот со Нови Пазар кој неговиот тим го загуби со 2-1, имаше серија правдања пред камерите на ТВ Арена.

Покажувајќи на мобилниот телефон наслов на еден локален портал од Нови Пазар се бранеше од одредени медиумски написи, колнејќи со своите деца дека новопазараците не ги нарекол „Турци“ како пишувало на порталот што ја наелектризира атмосферата пред мечот.

„Погледнете скандал… Лалатовиќ ги нарекол фудбалерите на Нови Пазар – Турци. Се колнам во моите три деца да никогаш не сум ги нарекол така. Чија е тоа измислица и лага за да јас тука бидам линчуван, за цеиот товар да се сруши на мене? Знам дека во Нови Пазар ме почитуваат и сакаат, но раководството на Пазар и Колубара пренесоа лага како би имало зад мојата клупа на натпреварот 20 хулигани кои постојано ќе ме навредуваат. Но, зошто тоа? Не се плашам, но ова е постојано некаков атак за да ме тргнат од српскиот фудбал. Се обидувам без било каква помош сам да го оставам овој Раднички во лигата, а сега ми подготвуваат хајка поради изјави кои никогаш не сум ги кажал. Се колнам во трите деца и мртвата мајка дека ова никогаш не сум го изјавил“ – истакна пред мечот Лалатовиќ.

А, Раднички водеше со 0-1 на натпреварот, но на крајот загуби со 2-1.

Се вчитува...