Легендарниот германски фудбалер Филип Лам вели дека фудбалот се наоѓа во егзистенционална криза и дека однесувањето на фудбалерите ќе биде под лупа во текот на пандемијата од коронавирусот.
„Фудбалот од оваа криза може да излезе уште посилен, но само под еден услов. Фудбалерите и раководствата на клубовите треба да бидат пример со своето однесување во друштвото. Фудбалот во моментов е во егзистенционална криза и затоа сега е потребна солидарност“, изјави Лам.
Голем дел на фудбалери донираа голема сума на пари како помош во борбата против панедмијата од коронавирусот во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА