Ламин Јамал на 17-годишна возраст е највредниот фудбалер на светот

Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација Ламин Јамал е највередниот фудбалер на светот според популарниот „Трансфермакрт“. 17-годишникот тронот го превзема од Бразилецот од редовите на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор чија цена пак драстично се намали.

Вредноста на Шпанецот изнесува неверојатни 200 милиони евра, додека онаа на Бразилецот изнесува 170 милиони евра со што падна од првото на петтото место.

Меѓу овие двајца се Џуд Белингем, Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе чија вредност е 180 милиони евра. Првите десет ги комплетираат: Букајо Сака (150 милиони евра), Педри (140 милиони евра), Флоријан Вирц (140 милиони евра), Јамал Мусиала (140 милиони евра) и Федерико Валвереде (130 милиони евра).

Се вчитува...