Лампард го одби Челси – мојата работа е во Дерби

Убедливиот пораз од Манчестер Сити уште повеќе го зголеми притисокот врз Маурицио Сари, а дел од јавноста го посочи Френк Лампард како идеално привремено решение за „сините“. Откако Солскјер се покажа како спасител на Манчестер Јунaјтед фановите на Челси се надеваат дека Лампард би го имал истиот успех со Челси, но поранешниот англиски репрезентативец отфрли ваква можност.

„Прочитав дека сум бил фаворит на обложувалниците, но да не заборавиме дека и обложувалниците знаат да погрешат. Секако дека ја следам ситуацијата во Челси бидејќи тоа е мојот омилен клуб, жал ми е за она што се случи во неделата, но да не заборавиме дека играа против најмоќниот тим, кој го одигра својот најдобар меч сезонава. Челси има свој стратег за кого имам многу високо мислење и според мене Сари треба да остане. Не знам дали тоа ќе се случи, но и доколку Сари си замине, јас не размилувам за враќање бидејќи мојата работа е во Дерби и макимално сум сконцентриран на овој ангжман“ – изјави Лампард.

Челси в понеделник ќе го пречека Манчестер Јунајтед во осминафиналето од ФА Купот, а евентуален пораз ќе значи и речиси сигурен отказ за Сари.

Се вчитува...