Лампард: Потежок ривал не можевме да добиеме

Френк Лампард не го криеше разочарувањето што Челси го доби Атлетико Мадрид за ривал во осминафиналето од Лигата на Шампионите. „Сините“ беа првопласирани во својата група, а од групата на неносители тимови кои сите сакаа да ги избегнат беа Атлетико Мадрид и Барселона. Сепак, среќата не им беше наклонета на Лампард и на неговите фудбалери, кои во февруари ги очекуваат пресметки со избраниците на Диего Симеоне.

Лампард има само пофални зборови за овој ривал, порачувајќи дека Челси ќе мора да биде на висина на задачата и на двата натпревари доколку сака да се пласира во следната рунда.

„Сите ќе се согласат кога ќе кажам дека потежок ривал не можевме да добиеме. Ќе се сретнеме со тимот што во моментов е лидер во Ла Лига, што има огромно искуство во ЛШ, што игра исклучително квалитетно. Лани го елиминираа Ливерпул, но ние нема да се предадеме. Знаеме дека во нокаут фазата од Лигата на Шампионите веќе нема лесни противници, ќе мораме да влеземе во двете средби со верба дека можеме да славиме и да се пласираме во следната рунда“, истакна Лампард.

Челси по саботниот пораз од Евертон утревечер го очекува ново тешко гостување во Премиер-лигата, овојпат против екипата на Вулверхемптон.

Се вчитува...