Лампард: Жиру е пример за младите играчи

Оливие Жиру против Севилја одигра натпревар на кариерата. Со четири погодоци во мрежата на Шпанците, францускиот репрезентативец стана највозрасен играч што постигнал хет-трик во Лигата на шампионите, на возраст од 34 години и 63 дена.

По импресивната партија на напаѓачот, пофалните зборови не ги криеше ни тренерот на Челси.

„Тој е врвен професионалец. Видете ја неговата статистика во репрезентацијата на Франција и Лигата на Шампиони. Он не беше стандарден ни кога јас го превземав тимот, но штом дојдов видов колку е позитивен, колкава желба има да тренира и да влијае на останатите играчи, без обзир на тоа дека е стартер. Четири гола на ова ново на натпреварување, а и квалитетот на головите, се на се одлична партија на Оливие“ – изјави Лампард по натпреварот.

Челси има млад тим кој допрва треба да созрее, а голема улога во тоа ќе има Французинот, кој како што вели англискиот стратег е пример за секој млад играч.

„Он е прав пример за младите играчи. Кога не играте константно, продолжете да тренирате, а потоа кога ќе добиете шанса одиграјте како што тој одигра против Севилја. Оливие е сигурен и точка. Не само за нашата екипа, туку и со своите голови за репрезентацијата на Франција во која има одлични индивидуалци“ – додаде младиот тренер.

Се вчитува...