Ландин и Остедал се најдобри во светскиот ракомет за 2019

Никлас Ландин и Стине Офтедал се најдобрите во светскиот ракомет за 2019 година. Светската ракометна федерација ги објави лауреатите кои без избрани во жестока конкуренција, а учестуваа и навивачите со нивните гласови.

Голманот на Кил и на данската репрезентација, Никлас Ландин победи во конкуренција на Циндриќ, Хансен, Сагосен и на Лауге. Ракометарката на Ѓер, Норвежанката Стине Офтедал, беше најуспешна во групата во која конкурентки и беа Вјахирева, Полман, Вестер и на Абинг.

Николај Јакобсен е избран за најдобар тренер кај екипите во машка конкуренција, Емануал Мајонад во женска конкуренција.

 

 

Се вчитува...