Ландин: Изгоревме…, и заморот е еден од факторите за поразот

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен истакна пред вчерашниот дуел со Македонија дека не знаат што да очекуваат од новиот македонски селектор и неговиот тим. А, голманот на Данците, Никлас Ландин, пак, по натпреварот истакна дека ете таков пораз најмалку го очекувале.

Според Ландин причина за поразот е заморот кај поголемиот дел ракометари поради клупските обврски, но и непредвидливоста на новата македонска селекција.

„Како да не можевме да побегнеме од поразот. Бевме уморни, барем ако јас се прашувам затоа што по клупските обврски ова доаѓа понапорно за нас. Некако и директно од чартер лет влетавме на натпревар. Изгоревме од самиот почеток на мечот и потоа не можевме да се вратиме во игра како што посакувавме. Мислам дека влијание имаше и тоа што не знаевме многу како изгледа новиот македонски состав предводен од Лазаров“ – истакна Ландин по натпреварот за данската ТВ2 Спорт.

Се вчитува...