Ландин се врати и го растури Фленсбург

Никлас Ландин беше човекот на одлука на денешното големо дерби на ракометната Бундес-лига, во кое Кил го совлада Фленсбург со убедливи 29-21. Данскиот голман се врати по пауза од повеќе од еден месец и јасно стави до знаење колкаво е неговото значење за „зебрите“, со бројни извонредни интервенции откажувајќи ги ракометарите на Фленсбург, кои беа во нокдаун уште од поразот од Вардар во Лигата на Шампионите.

Првото полувреме донесе израмнет ракомет, во кој Кил замина со предност од 12-10 благодарение на Ландин и неговите 10 интервенции. Во вториот дел се разбуди и нападот на домашниот тим предводен од уште еден повратник, Норвежанецот Сандер Сагосен, па „зебрите“ успеаја резултатски да се одлепат и на крајот да стигнат до убедлива победа.

Ландин со 18 интервенции беше херој на Кил на оваа средба, додека во нападот најефикасни во победничкиот тим беа Дувњак и Рајнкинд со по пет погодоци. Прв стрелец на Фленсбург на дерби-дуелот во Кил беше Готфридсон со седум погодоци.

Се вчитува...