Ландин царуваше – Кил ја покажа својата моќ пред дуелот со Вардар

Кич делуваше извонредно во првиот официјален натпревар од 2020 година, на гостински терен славејќи против Хановер со убедливи 25-32, меч што беше увертира за „зебрите“ за дуелот со Вардар во Лигата на шампионите. Хановер влезе во натпреварот како второпласиран тим на табелата, со само еден бод заостанување зад Кил, но на теренот не можеше да им парира на избраниците на Филип Јиха, кои одиграа беспрекорно во нападот и во одбраната и стигнаа до заслужен триумф.

Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме, во кое благодарение на извонредниот Ландин гостите стигнаа до удобна предност од 13-18. Вториот дел беше само рутина за „зебрите“, кои не им дозволија на домашните ракометари ниту за момент да се понадеваат на камбек.

Ландин со 15 одбрани беше најзаслужен за победата, а во нападот најефикасни беа Пекелер, Дувњак и Билик со по пет погодоци.

Дуелот меѓу Кил и Вардар во рамките од Лигата на шампионите ќе се игра в среда.

Се вчитува...