Ландо Норис нападнат на „Вембли“ по финалето на ЕП

Англиската јавност е згрозена од однесувањето на некои нејзини навивачи пред и по финалето на Европското првенство, кое Англија го изгуби од Италија по изведувањето на пенали.

Пред натпреварот стотици навивачи се обидоа да влезат на стадионот без влезници, а по поразот од Италија, некои од нив физички се пресметаа пред стадионот и направија немири низ градот. Во тој хаос, возачот на Мекларен, Ландо Норис, исто така, се најдел во неволја. Младиот возач на Формула 1 бил нападнат на „Вембли“ и му бил украден вреден часовник во толпата, а нападот го потврди и неговиот тим.

“Ландо беше дел од инцидент на „Вембли“ по финалето на Европскиот шампионат. Неговиот часовник беше украден, Ландо е потресен, но за среќа не беше повреден. Се надеваме дека навивачите ќе му посакаат среќа на трката за Големата награда на Велика Британија, што се одржува викендов. Се надеваме дека полицијата ќе го расчисти инцидентот“, објави Мекларен.

Се вчитува...