„Ланксес арена“ веќе „грми“ од „Комитите“… (ВИДЕО)

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

„Ланксес арената“ во Келн веќе вистински „грми“ од вардаровите најверни навивачи „Комитите“ кои во еуфорично издание, и на трибините и во подтрибинскиот простор, се загреваат за пресметката на Вардар против Монпелје од 18 часот.

Вардаровите фанови всушност уште сега најавуваат дека ќе бидат дополнителен играч како поддршка за своите миленици на патот кон толку посакуваното финале…

Се вчитува...