Лапорта ги повика навивачите да ја поддржат Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги повика навивачите да го поддржат клубот по лошиот старт на сезоната и заминувањето на Лионел Меси.

Барселона победи само четири пати во десет натпревари сезонава предводена од Роналд Куман, за кој се шпекулира дека е пред отказ.

„Ве молам да продолжите да го поддржувате нашиот клуб. Потребни сте и на екипата повеќе од било кога и таа е благодарна за тоа. Знаете дека поминуваме низ тежок период, а тоа е период во кој треба да стоите покрај нас. Бидете сигурни дека мечот против Кадиз ќе се обидеме да го добиеме“, изјави Лапорта. 

Каталонскиот клуб имаше тешко лето откако прво Лионел Меси го напушти „Камп ноу“, а потоа замина и Антоан Гризман.

Се вчитува...