Лапорта ги разгори страстите: Голема е шансата Левандовски да дојде во Каталонија

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта дополнително ги разгори шпекулациите во врска со евентуалното доаѓање на Роберт Левандовски на „Камп Ноу“.

„Каталонците“ се во потрага по напаѓач за следната сезона, а голем дел од медиумите го поврзуваат Левандовски со преселба во тимот предводен од Чави. Барселона се интересираше за Ерлинг Халанд, но тешко дека ќе успеат да му излезат во пресрет на играчот кој ќе има високи финансиски барања, па наводно изборот паднал врз далеку поискусниот Левандовски.

Шпанска „Марка“ пренесува дека Жоан Лапорта во ложата на „Реале Арена“ во Сан Себастијан, за време на натпреварот помеѓу Реал Сосиедаде и Барселона, гласно зборувал дека постои можност Левандовски да стигне во неговиот клуб. Наводно, Лапорта велел дека има реални шанси полскиот голгетер кариерата да ја продолжи во тимот на Барселона.

Инаку, 33 годишниот Леванодвски кој оваа сезона постигна 47 погодоци е во клинч со управата на Баерн Минхен околу неговиот нов договор.

Станува се поверојатно дека тие нема да постигнат договор, а дека од целата ситуација на крај ќе ќари Барселона која ќе добие одличен напаѓач за прифатлива сума.

Се вчитува...