Лапорта: Куман ќе добие нов договор, не е точно дека сме незадоволни од него

Челниците на Барселона воопшто не размилуваат за тренерска смена, туку сакаат да го задржат Роналд Куман и за подолг период. Ова го обелодени претседателот Жоан Лапорта во интервју за „Онзе ТВ“, потенцирајќи дека целокупната управа има апсолутна доверба во Куман како предводник на Барса во овој „период на транзиција“ по заминувањето на Лео Меси.

За заминување на Роналд Куман се шпекулираше и кога Лапорта победи на претседателските избори, но тој ја доби неговата доверба и покрај загубената трка за титулата. Актуелниот договор на холандскиот стратег истекува на крајот од сезонава, но Лапорта откри дека веќе се почнати преговорите за продолжување на соработката.

„Не е точно дека сме незадоволни од Роналд Куман, вистината е сосема спротивна. Тој знае дека ја има мојата целосна поддршка, дека го почитувам како тренер и верувам дека тој е вистинскиот човек за тренер на Барса. Веќе зборувавме неколку пати со неговиот агент Роб Јансен, сакаме да потпишеме нов договор и верувам дека тоа ќе зе случи во наредниот период“, изјави Лапорта.

Се вчитува...