„Лапорта многу ме разочара, помогна во совршениот план на Реал да стигне до Мбапе“

Заминувањето на Лео Меси предизвика „земјотрес“ во Барселона, па така денеска еден од најблиските соработници на Жоан Лапорта, Хауме Лопез, си поднесе оставка од раководната функција во клубот.

Притоа, тој во јавноста испрати и писмо со објаснување за ваквиот потег, јасно ставајќи до знаење дека според него претседателот Лапорта е главниот виновник за заминувањето на најдобриот фудбалер во историјата на Барселона.

„Драг Жоан, многу ме разочара, мислев дека и си единствениот што може да му се спротивстави на Флорентино Перез. Не ни се достапни сите информации, но јас сум прилично сигурен дека можеше да се стори многу повеќе за Меси да остане. Ќе видиме што ќе се случи кога ќе е формира Супер-лигата, ако воопшто се формира, но во меѓувреме ти помогна да се реализира совршениот план на Флорентино, бидејќи ПСЖ сигурно многу полесно ќе го продаде Мбапе во Реал. Историјата ќе те памети како претседател што го пушти Меси да си замине“, се вели во писмото на Лопез.

Се вчитува...