Лапорта: Нејмар беше очаен за да се врати во Барселона

Барселона поради новото „фер-плеј“ правило кое од оваа година е присутно во Ла Лига ова лето остана без најголемата ѕвезда на клубот, Лео Меси кој не можеше да го продолжи договорот со тимот за кој настапуваше од 2000 година.

Сепак работите не се чинеа така „црни“ по реизборот на Жоан Лапорта кој наговести светла иднина за каталонците, а сега претседателот на клубот изјави дека „загреан“ за камбек на „Камп Ноу“ бил и Нејмар.

„Се обидовме да го потпишеме Нејмар. Во тој момент изгледаше како интересно засилување. Стапивме во контакт, а и тој самиот беше пресреќен што изразивме желба да го вратиме. Ферплејот во тој момент го гледавме на друг начин, а доколку знаевме за новите правила на Ла Лига немаше воопшто да започнеме разговори“, изјави Лапорта.

Се вчитува...