Лапорта пред нов предизвик: Чави бара седум засилувања за следната сезона

Тренерот на Барселона и порача на управата на клубот да биде активна во летниот преоден рок и да му донесе дури седум нови фудбалери за да може екипата во следната сезона да се вмеша во трката за титулите.

Тој исто така планира да се ослободи од неколку играчи кои ги смета за прекубројни и тоа се Самуел Умтити, Клемен Ленгле, Серхи Роберто, Мартин Брајтвајт, голманот Нето како и Мемфис Депај и Сержињо Дест.

Филипе Кутињо и Миралем Пјаниќ по враќањето од позајмица се очекува да бидат ставени на трансфер листата, а доколку пристигне понуда за Оскар Мингеса и дефанзивецот би бил продаден. Чави очекува прекубројните да бидат заменети со седум нови фудбалери. Нов голман треба да биде Ињаки Пења кој брани за Галатасарај.

Одбраната треба да биде освежена со дуото на Челси, Сезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен, можно е да пристигне и Лисандро Мартинез додека претседателоТ Жоан Лапорта работи на потписот со Николас Талјафико од Ајакс

Френк Кеси веќе потпиша преддоговор и од Милан доаѓа на „Камп Ноу“, но Чави бара уште едно засилување во средниот ред. Што се однесува до нападот, Барселона намера да плаќа 30 милиони евра за Адама Траоре кој на лето се враќа Вулверхемптон, но затоа ќе се обиде да дојде до потписот со Рафиња од Лидс. Најзвучното засилување треба да биде во нападот и тоа Роберт Левандовски.

Се вчитува...