Лапорта призна дека Барселона има долг од 1,35 милијарди евра!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, денеска на прес-конференција призна дека клубот има огромни долгови. Тој посочи дека долгот на Барселона е 1,35 милијарди евра, па затоа не е изненадувачки што не беше можно да се регистрира Лионел Меси и дека Аргентинецот отиде во ПСЖ.

Лапорта изјави дека долгот на клубот е зголемен за 200 милиони евра од јануари и дека ситуацијата во клубот е критична.

Според него, клубот троши 103 проценти од својот профит за плати, што е за 20 до 25 проценти повеќе од другите клубови. Барселона, всушност, дава се што заработува на плати, па дури и мора да додаде свои пари, поради што секогаш е во загуба.

“Првото нешто што морам да го кажам е дека кога пристигнавме во клубот, побаравме заем од 80 милиони евра, бидејќи ако не го сториме тоа, нема да го покриеме платниот список. Наскоро сфативме дека е неопходно да се инвестира во реновирање на стадионот, во спротивно би било ризично навивачите да дојдат на натпреварот. Инвестиравме 1,8 милиони евра и им дозволивме да доаѓаат непречено во неделата. Исто така, кога пристигнавме, клубот доби 50 проценти од акциите од трансфер правата однапред“, рече Лапорта.

Претседателот на ФК Барселона главно го префрли притисокот и одговорноста на неговиот претходник Хосеп Марија Бартомеу, кој минатата недела „го пецна“ Лапорта во отворено писмо.

„Се’ прочитав и сето тоа е лага. Никој не може да избега од своите обврски. Она што го направија е целосна измама на сите општествени слоеви на овој клуб. Претходниот одбор едноставно ги игнорираше финансиските контроли. Тие само лажат и негираат. Не можам да ја преземам вината и веќе морав да одговорам на тие лажни наводи, изјави Жоан“.

Се вчитува...