Лапорта: Меси не се враќа „дома“, Халанд и Мбапе се прескапи, а Левандовски и Салах…

Со ангажманот на Чави на тренерското место, Барселона го врати и сјајот па конечно делува како тимот кој доминираше во Европа во минатото, а со надминување на финанските проблеми се очекува и враќање на каталонците на врвот на „стариот континент“.

Но, за тоа ќе бидат потребни и нови засилувања па сите погледи се насочени кон летото. На таа тема говореше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кој покрај тоа што ја отфрли можноста за враќање на Лео Меси „дома“, изјави и дека Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд се прескапи.

„Не сум разговарал со Меси или неговите агенти за можно враќање во Барселона. Реалноста е дека ја надминавме ситуацијата и не размислуваме за тоа. Таков договор не е во нашиот план“, изјави Лапорта кој потоа се освра и на Халанд и Мбапе.

„Не можеме да ги исполнитеме условите на Халанд и Мбапе и тие во моментот се многу далеку од Барселона“

Сепак тоа не е ситуацијата со Роберт Левандовски, Мо Салах и Рафиња кои се големи желби за тимот од „Камп Ноу“.

„Врвните играчи сакаат да дојдат во Барселона, тоа е јасно. Но, сепак не можам да потврдам дали сме во преговори со Левандовски и Салах или не. Рафиња е играч кој го сакаме. Неговиот агент е Деко со кој сме во одлични односи и тој нам ни помага“, додава Лапорта.

Се вчитува...