Лара Гут Бехрами до злато на супервелеслаломот на СП во Кортина Д’ампецо

По три дена одложување денеска конечно се возеше првата трка на Светското првенство во алспко скијање. Лара Гут Бехрами го освои златото на супервелеслаломската трка на патеката во италијанската Кортина Д’ампецо. Швајцарката до победата стигна со време од 1:25.51 минута, што беше за 34 стоти делови од секундата подобро од сонародничката Корине Сутер.

Третото место и припадна на шампионката во оваа дисциплина од 2019 година, Американката, Микаела Шифрин која доцнеше 47 стотинки зад времето на победничката. Денеска ќе се вози и машкиот супер-џи кој на програмата е во 13 часот.

Се вчитува...