Лара Гут-Бехрами најдобра на велеслаломот на СП во Кортина Д’ампецо

Лара Гут Бехрами стигна до второто злато на Светското првенство во алпско скијање откако по супервелеслаломот славеше и на денешниот велеслалом во италијанскиот ски-центар Кортина Д’ампецо0. Таа до победата стигна со вкупно време од 2:30.66 минути, што беше за само две стотинки подобро од второпласираната Американка, Микаела Шифрин.

Бронзата и припадна на Катарина Линсбергер од Австрија. Утре на програмата е машката велеслаломска трка.

Се вчитува...