Лара Гут-Бехрами златна на супервелеслаломот на ЗОИ во Пекинг

Лара Гут-Бехрами конечно стигна до првиот златен медал во кариерата на Зимските олимписки игри. Швајцарката го освои најсјајното одличје во супервелеслаломската трка, кое го додаде на двете бронзи, онаа од велеслаломот на овие игри и таа од спустот 2014 во Сочи.

Гут-Бехрами до златниот медал на патеката во Пекинг стигна со време од 1:13.51 минута, што беше за 22 стоти делови од секундата подобро од сребрената Австријка, Мирјам Пучнер. Бронзениот медал и припадна на втората Швајцарка, Мишел Гизин која доцнеше 30 стотинки зад времето на победничката.

Хорор-игрите за лидерката во генералниот пласман во Светскиот куп, Микаела Шифрин продолжуваат. Откако не ги заврши трките во велеслалом и слалом, таа на денешниот супер-џи заврши како деветата со заостанување од 79 стотинки зад времето на златната Гут-Бехрами.

Се вчитува...