Ларкин и повреден го растури Партизан

Анадолу Ефес ја продлабочи резултатската криза на Партизан славејќи над Партизан со резултат 100-94, победа за која најзаслужен беше Шејн Ларкин. Американскиот поентер најпрвин беше отпишан за настап поради повреда на прстот, лекарскиот тим успеа да го оспособи да игра вечерва, а Ларкинг блесна во сиот свој сјај постигнувајќи 27 поени, надополнети со осум асистенции и три украдени топки.

Слабата одбрана повторно беше главниот проблем во играта на Партизан, откако „црно-белите“ одиграа катастрофално во дефанзива и примија дури 50 поени во првото полувреме (50-45). Во третиот период Обрадовиќ барем за момент успеа да го реши овој проблем, па благодарение на Камински направи голем пресврт и во последната четвртина Партизан влезе со водство од 64-74. Тоа беше се од одбраната на Партизан, бидејќи Ларкин, Клајбурн и останатите издоминираа во последните десет минути, постигнувајќи 36 поени и правејќи голем пресврт со кој Ефес стигна до победата.

Покрај Ларкин, најзаслужни за овој триумф беа Томпсон со 18 и Жижиќ со 12 поени, додека најефикасни во таборот на Партизан беа Камински со 24 поени и Доужер со 21 поен и шест асистенции.

Се вчитува...