Ларвик ќе исчезне од ракометната мапа за долг од 310.000 евра

Ларвик по 16 години доминација ја загуби шампионската титула но Норвешка, но овој европски гигант би можел да се соочи со најцрното можно сценарио – исчезнување од ракометната мапа и прогласување на банкрот. Причина е долгот од три милиони норвешки круни (околу 310.000 евра) што Ларвик треба да го подмири најдоцна до 11 мај, во спротивно овој клуб ќе престане да постои.

Многу е тажно, се најдовме во многу сериозна ситуација. Се уште сум наивна и верувам дека можеме да се спасиме, има мал број на луѓет во околината кои сакаат да помогнат“ – изјви легендарната Гро Хамерсенг-Един, која неколку сезони го носеше дресот на норвешкиот гигант.

Како што јавуваат норвешките медиуми, единствениот начин клубот да се спаси е спонзорите и фановите да купат дел од „пакетот Ларвик“, кој е составен од место за спонзорство и сезонски билети. Времето сепак е кратко, па останува да се види дали оваа иницијатива ќе помогне да се избегне најлошото сценарио, па трофејниот ракометен колектив да престане да постои.

Се вчитува...