Ласло Наѓ најави крај на кариерата

Поранешниот ракометар на Барселона, сега капитен на Веспрем, Ласло Наѓ најави дека на крајот од оваа сеозна става крај и на својата играчка кариера.

„Мојот договор со Веспрем истекува во јуни 2019 година и мислам дека тогаш и ќе ја завршам мојата играчка кариера“ – објави 38-годишниот капитен на Веспрем.

Најдобриот унгарски ракометар во октомври 2017 година се повлече од националниот тим, но лани се согласи да игра во јунскиот бараж за СП 2019 против Словенија и и помогна на Унгарија да избори пласман на Мундијалот.

Ласло Наѓ и по завршувањето на играчката кариера ќе остане во ракометот како спортски директор во Веспрем.

Се вчитува...