Ласо демантира дека имал понуда од Црвена Звезда

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо по заминувањето од најтрофејниот европски клуб беше поврзуван со преминување во редовите на шампионот во АБА лигата, Црвена Звезда.

Првиот човек на Црвена Звезда, Небојша Човиќ изјави дека му доставил понуда на Ласо, но таа била одбиена. Сепак Ласо излезе со изјава за шпанските медиуми во која вели дека немал никаква понуда од белградскиот тим.

Црвена Звезда го претстави е Владимир Јовановиќ, а Ласо се уште е без ангажман по разделбата со Реал.

Се вчитува...