Само неколку часа откако назначи нов тренер, Шкендија остана без услугите на еден од најдобрите фудбалери во своите редови во минатата сезона. Лиридон Љатифи си заминува после две години играње за тетовскиот клуб.
Тој беше еден од заслужните за историскиот пласман во Лигата на Конференции, и за титулата во сезоната 2024/25. Во изминатата сезона во ПМФЛ левокрилниот офанзивен фудбалер одигра 30 натпревари, на кои постигна седум гола и запиша седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
