„Лацијалите“ без Имобиле на „Сан Сиро“

Лацио е во серија од три победи во италијанскиот шампионат, а денеска (18 часот) му гостува на Милан на „Сан Сиро“. Но, тимот на Симоне Инзаги ќе мора да настапи без својот најдобар фудбалер, напаѓачот Чиро Имобиле, кој се уште се опоравува од повредата.

„Имобиле не е вклучен во составот за овој меч. Му даваме дополнителен одмор за да биде максимално подготвен за полуфиналето на Купот на Италија в среда. Знаеме што не чека против Милан, тие ја надминаа кризата и секако се квалитетен состав. Ако се гледаат индивидуалните квалитети на фудбалери, тогаш Милан е втор тим во Серија А, веднаш зад Јувентус“, истакна тренерот на Лацио.

„Лацијалите“ се третопласирани на табелата со 46 бода, додека Милан е на осмата позиција со 31 бод.

Се вчитува...