Лацио ја оствари 18.победа во Серија А оваа сезона, триумфирајќи на гости против Џенова со 2-3. „Лацијалите“ повторно имаат еден бод негатива во однос на лидерот Јувентус во трката за шампионската титула. Горан Пандев заигра по повредата на коленото, влезе во 58.минута и одигра половина час.
Адам Марушиќ донесе водство во втората минута, на стартот на вториот дел Чиро Имобиле зголеми на 0-2, а Франческо Касата намали во 57.минута.
Данило Каталди во 71.минута беше стрелец на третиот гол за Лацио, а Доменико Кришчито од пенал во 90.минута го постави конечниот резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА