Лацио ќе биде сериозно ослабен на вечерашниот натпревар против Клуб Бриж во Лигата на шампионите. Поради повреди и позитивни тестови на Covid-19, на пат за Белгија не отпатуваа најголем дел од првотимците.
Тренерот Симоне Инзаги ќе ги нема на располагање Чиро Имобиле, Луис Алберто, Лараци, Переира и Андерсон, Лукаш Леива, Раду, Лулиќ, Луис Фелипе и голманот Стракоша.
По повеќе од една деценија Лацио се врати во Лигата на шампиони и во првото коло ја победи Борусија Дортмунд со 3-1, но сега ќе има големи проблеми на дуелот со Клуб Бриж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА