Лацио фрли око на капитенот на Ајакс

Италијанскиот калчолигаш Лацио оваа сезона нема да успее да избори пласман во Лигата на шампионите, но сака да го засили својот тим во летниот преоден рок и да тргне многу пожестоко во следниот шампионат од Серија А. Раководството на „лацијалите“ како потенцијално засилување го ‘пикираше’ капитенот на холандскиот клуб Ајакс, Дејви Класен.

Тој игра одлично оваа сезона, еден е од носителите на играта на холандскиот тим, а за него интерес покажуваат и неколку германски тимови, како Шалке 04, Хофенхајм и Лајпциг. Лацио се надева дека за сума од 15 милиони евра ќе го убеди Ајакс да го продаде својот играч за врска, а самиот фудбалер би добил четиригодишен договор и плата од 3 милиони евра по сезона.

Се вчитува...