Лацио го демолираше Киево за пробив пред Интер во Серија А

Лацио убедливо со 5-1 славеше против Киево во 21. коло од Серија А, по што се проби на третата позиција на табелата пред Интер.

„Лацијалите“ одиграа одличен натпревар комплетно доминирајќи во текот на сите 90 минути. Победата беше најавена уште во првото полувреме кога погодија Алберто во 23. минута и Милинковиќ-Савиќ во 32. минута за водство од 2-1, откако претходно гостите постигнаа гол преку Пучиарели во 25. минута.

Во вториот дел Милинковиќ-Савиѓ, Бастос и Нани постигнаа уште три гола за конечни 5-1.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

Лацио – Киево 5-1

Болоња – Беневенто 3-0

Сампдорија – Фиорентина 3-1

Сасуоло – Торино 1-1

Удинезе – СПАЛ 1-1

Верона – Кротоне 0-3

Каљари – Милан (18 ч.)

Интер – Рома (20:45 ч.)

ТАБЕЛА: Наполи 54 бода, Јувентус(-1) 50, Лацио(-1) 43, Интер(-1) 42, Рома(-2) 39, Сампдорија(-1) 33,…

Се вчитува...