Лацио го освои Купот на Италија

Фудбалерите на Лацио ја совладаа Аталанта со 2-0 на „Олимпико“ и го освоија пехарот во Купот на Италија. Тимот на Симоне Инзаги успеа да слави со два гола постигнати во финишот од финалниот дуел во Рим.

Сергеј Милинковиќ Савиќ во 82.минута го доведе Лацио во водство, а Хоакин Кореа ја потврди победата во 90.минута од мечот.

Се вчитува...