Лацио е победник во големата римска пресметка славејќи со 1-3 против Рома на „Олимпико“ во 34. коло од Серија А.
„Лацијалите“ триумфот го најавија со голот на Кеита уште во 12. минута од средбата. Па, иако со голот од пенал на Де Роси, Рома израмни во 43. минута сепак во второто полувреме Лацио комплетно доминираше.
Најпрво, Баста во 50. минута донесе 1-2, а потоа и Кеита со својот втор гол во 85. минута заокружи на 1-3.
All Goals & Highlights HD – AS Roma 1-3 Lazio… by Video-04
По овој триумф, Лацио сега има 67 бода, на четвртата позиција, четири помалку од третопласираниот Наполи. Рома остана на второто место со 75 бода, зад Јувентус кој има 84.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА