Лацио го освои Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија

Лацио го победи италијанскиот првак Јувентус со 3-1 во пресметката за Суперкупот на Италија која се играше во Ријад, Саудиска Арабија. „Лацијалите“ успеаја да го надиграат составот на Маурицио Сари и се закитија со трофејот.

Луис Алберто го доведе Лацио во водство во 16.минута по проигрувањето од Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Јувентус израмни со погодокот на Пауло Дибала пред самиот крај на првото полувреме.

Сепак, Лацио повторно дојде до предност со голот на Сенад Лулиќ постигнат во 73.минута од дуелот, а во судиското продолжение Данило Каталди го постави конечниот епилог. „Старата дама“ во последните мигови остана и со играч помалку поради исклучувањето на Родриго Бентанкур.

Се вчитува...